Connect with us

Поразот во Истанбул го запали алармот: Ливерпул не личи на себе…

Актуелниот шампион Ливерпул не личи на себе на стартот на новата сезона.

Иако на хартија сè изгледаше идилично со толку победи во 90+, тоа беше само „димна завеса“ која не дозволуваше да се види колку всушност Ливерпул слабо игра.

Галатасарај славеше со 1:0, а тимот на Слот претрпе втор пораз за три дена. Ако се додаде и оној во Комјунити Шилд, „редсите“ веќе имаат три порази на првите 10 натпревари од новата сезона. За споредба, минатата сезона Ливерпул имаше само два порази дури по 29 одиграни натпревари.

Јасно е дека сите аларми се вклучени, особено со повредите на Алисон Бекер и Уго Екитике. Арне Слот по поразот во Истанбул потврди дека Алисон сигурно нема да брани во дербито со Челси за викендот, додека се надева дека Екитике има само грчеви и нема сериозна мускулна повреда.

Очекувано, Слот веќе е под огромен притисок, кој е особено силен ако се има предвид дека се потрошени над 400 милиони за скапи засилувања кои сè уште не ги оправдуваат очекувањата. Флоријан Вирц сè уште е без учинок, Милош Керкез не покажа дека е напредок во однос на Енди Робертсон, а истото важи и за Џереми Фримпонг на другата страна.

Особено загрижува играта на Ливерпул, без оглед на резултатите. Среќа е што по мечот со Челси следи репрезентативна пауза и неопходен „рестарт“ пред продолжението на сезоната.

Не треба да се заборави дека Ливерпул во Лигата на шампионите има уште два тешки теста – против Реал Мадрид на „Енфилд“ (4 ноември) и гостување кај Интер (9 декември).

Останува да се види што ќе преземе Арне Слот за да ја раздрма својата екипа, особено Мохамед Салах кој игра под очекувањата од самиот старт на новата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови