
Турскиот гигант Галатасарај славеше со 1-0 против фаворитот Ливерпул во мечот од главната фаза на Лигата на шампионите. Тренерот на Галатасарај, Окан Бурук, го нагласи големото значење на оваа победа.
„Прекрасно е што го победивме Ливерпул. Атмосферата на стадионот беше феноменална, играта беше одлична. Им благодарам на моите играчи – тие го направија сè она што го замисливме. Благодарам и на нашите навивачи – не престанаа да нè поддржуваат. Сè направивме заедно – се браневме заедно и напаѓавме заедно.
Оваа победа е многу важна за популаризацијата на турскиот фудбал. Нашето првенство е потценето во Европа и ми е драго што покажавме на што се способни турските клубови. Имавме некои слаби натпревари во минатото, но да се победи Ливерпул без да се прими гол е навистина многу важно,“ изјави Бурук.
Единствениот гол на натпреварот во Истанбул го постигна Виктор Осимен од пенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal