
Интер Мајами претрпе пораз од 3-5 на домашен терен против Чикаго Фајер во 32. коло од МЛС лигата на САД. Двата тима одиграа вистинска голеада, но гостите ја имаа иницијативата и успеаја да ја наметнат својата игра, и покрај напорите на Лионел Меси и останатите негови соиграчи.
Чикаго поведе со два гола по прецизните удари на Же Д’Авила во 11. минута и Џонатан Дин во 39. минута.
Интер го намали заостанувањето преку Томас Авилес, но пред самиот крај на првото полувреме Роминиг Н’Гесан зголеми на 1-3.
Лео Меси и соиграчите излегоа мотивирани на стартот од вториот дел и успеаја да израмнат со два погодоци на Луис Суарез во 57. и 74. минута.
Сепак, во самиот финиш Чикаго ги освои трите бода со два брзи гола на Џастин Рејнолдс во 80. и Брајан Гутиерес во 83. минута.
Овој пораз го остави Интер Мајами на четвртото место во Источната конференција со 56 поени, но и натпревар помалку. За Чикаго победата беше од огромно значење во борбата за пласман во плејофот, со што „огнените“ сега се на осмата позиција со 51 поен. Лидер е Филаделфија Унион со 63 поени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal