Connect with us

Хет-трик за Мбапе против Каират, Аталанта со пресврт до триумф против Клуб Бриж (ВИДЕО)

Францускиот ас Килијан Мбапе постигна хет-трик, четврти за него во кариерата, во триумфот на Реал Мадрид од 0-5 на гости против Каират во Алмати. „Кралевите“ дојдоа на далечното гостување, но квалитетот беше далеку на нивната страна.

Мбапе постигна три гола, Родриго двапати асистираше, а во листата на стрелците се запишаа и Едуардо Камавинга и Брахим Дијаз.

Аталанта го победи Клуб Бриж со 2-1, со пресврт во второто полувреме. Цолис го доведе Бриж во водство во 38.минута, израмни Лазар Самарџиќ од пенал во 74.минута, а победничкиот гол го постигна Марио Пашалиќ во 87.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови