
Атлетико Мадрид нема да може да смета на напаѓачот Александар Сoрлот за денешното домашно соочување против Ајнтрахт Франкфурт во второто коло од Лигата на шампионите. Норвежанецот заработи повреда за време на дербито со Реал Мадрид и до последен момент постоеше надеж дека ќе може да се опорави, но на крајот отпадна од плановите на Диего Симеоне за вечерашниот меч.
Утринава Сoрлот се обиде да тренира со соиграчите, информира „Марка“, но почувствува болка и беше ослободен од тренингот. Напаѓачот е многу важен дел од плановите на Симеоне, а за викендот постигна еден од петте голови на „јорганџиите“ во дербито против Реал Мадрид.
Атлетико ја започна сезоната во Лигата на шампионите со пораз од 3-2 на гостувањето кај Ливерпул и вечерва ќе ја бара првата победа. Од друга страна, гостите од Франкфурт остварија една од најимпресивните победи во првото коло, совладувајќи го Галатасарај со убедливи 5-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-18 ремизираше (2-2) со Словачка

Евро-фудбал
Левандовски следното лето доаѓа во Милан?

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
