Роберт Левандовски повторно игра како некогаш и постигнува голови како од шега. Иако има 37 години, тоа не се чувствува во играта на Роберт Левандовски, кој е одличен со намалена минутажа, бидејќи е посвеж, поодморен, а подеднакво убиствен.
Денес пристигнува бомбастична информација дека Левандовски е следната цел на Милан.
Милан е познат по тоа што доведува ветерани кои немаат рок на траење. Лука Модриќ е последниот во таа низа, претходно погодија и со Оливие Жиру, а сега по истиот пат би можел да тргне и Левандовски.
Полјакот е во последната година од договорот, засега нема најави дека би можел да остане во Барселона, иако тој е подготвен да прифати значително намалување на платата за да го продолжи својот престој за уште една година.
Но, следи претседателска година во Барселона и Жоан Лапорта сонува за Хулијан Алварез како „бомба“ за продолжување на мандатот.
Левандовски пристигна во Барса летото 2022 година за 45.000.000 евра, апсолутно ја оправда потрошената сума и продолжува во ист стил и во последната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













