Connect with us

Клоп уште еднаш потврди: Нема да се вратам на тренерската професија

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, во разговор за „Атлетик“ откри дека не гледа можност да се врати на тренерската позиција. Тој зборуваше и за новата улога во „Ред Бул“, за трансформациите во Премиер – лигата и за притисокот кој се става врз фудбалерите.

„Во овој момент сум сигурен дека повеќе нема да бидам тренер. Сепак, никогаш не се знае. Имам 58 години, и ако повторно седнам на клупата на 65, луѓето ќе кажат: ‘Ајде, па кажа дека никогаш нема да го направи тоа!’ Но засега мислам сто проценти вака. Не ми недостасува ништо од тренерската работа, сега сум целосно посветен на ‘Ред Бул’ и моите задачи таму“, изјави Клоп.

Тој ја спомена и ситуацијата во Премиер – лигата, без да дава совети на други тимови.


„Се случуваат многу промени. Јас најмногу ги следам само тимовите на ‘Ред Бул’. Манчестер Сити се менува и враќа на врвот, Ливерпул има свој посебен, офанзивен стил. Но постојат различни начини на играње, и не сум јас тој што ќе им кажува на другите како да функционираат.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови