Connect with us

Одложен е мечот од Ла Лига меѓу Валенсија и Овиедо

Натпреварот од седмото коло на Ла Лига меѓу Валенсија и Овиедо нема да се одигра вечерва, поради екстремни временски услови, јавува „Ас“.

Средбата што требаше да започне во 21 часот на „Месталја“ е одложена откако во Валенсија е прогласен црвен аларм заради поројни дождови.

Сите училишта, универзитети и многу други јавни институции во градот се затворени.

Се разгледува можност мечот да се одигра во вторник со почеток во 20 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови