Шпанскиот фудбалер Родри веќе околу една година не игра во континуитет поради повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото.
На почетокот од минатата сезона, Родри се повреди на натпреварот против Арсенал, поради што речиси цела натпреварувачка година ја пропушти, одиграјќи само неколку последни кола.
Беше дел од екипата и на Светското клупско првенство и изгледаше дека во последно време почнува да фаќа ритам. Пред осум дена одигра цели 90 минути против Арсенал, а требаше да настапи и за викендот против Барнли, но почувствува болка во истото колено кое претходно го одвои од теренот на долг период.
„На тренинг Родри ми рече дека не може да игра и дека чувствува голема болка во коленото. Го прашав дали навистина е така и му реков: ‘Добро, тогаш нема да играш, ќе настапи некој друг’. Станува збор за истото колено на кое беше опериран“, откри Гвардиола и ја загрижи фудбалската јавност.
Со и без шпанскиот играч за врска, Манчестер Сити не е ист тим. Човекот кој минатата година ја освои „Златната топка“ моментално минува низ тежок период бидејќи коленото би можело и во иднина да му создава проблеми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













