Арсенал со драматичен пресврт на „Сент Џејмс Парк“ и со гол во судиското продолжение успеа да слави против Њукасл со 1-2. Херој на „топчиите“ беше Габриел, кој во 96. минута со прецизен удар со глава по корнер од десната страна ја затресе мрежата на Ник Поуп и го искачи својот тим на второто место на табелата, веднаш зад лидерот Ливерпул, со само два бода негатива.
Домашниот тим прв стигна во водство благодарение на Ник Волтемаде, кој погоди во 34. минута. Но, Арсенал не се предаде и постојано притискаше.
„Топчиите“ дојдоа до пресврт во финишот.
Прво Микел Мерино израмни во 84. минута, а потоа Габриел го комплетираше големиот пресврт со погодок во последните мигови од мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













