Connect with us

Инцидент во Гевгелија, фудбалер на Скопје погоден од трибините

Кожуф и Скопје ремизираа 1-1 во шестото коло од Втората македонска лига, но натпреварот во Гевгелија ќе остане запаметен по инцидент што го одбележа стартот на второто полувреме.

По водечкиот гол на гостите од Скопје, настанаа немири на трибините. Дел од домашните навивачи почнаа да фрлаат со тврди предмети кон играчите на Скопје, при што еден од фудбалерите беше погоден во главата.

За да се смири ситуацијата мораше да интервенира полицијата, а по десетминутен прекин мечот продолжи. На крајот, Кожуф успеа да израмни и да избегне пораз, поставувајќи го конечниот резултат 1-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови