
Брегалница продолжува со импресивниот старт на сезоната и сè уште не знае за пораз по шест одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига. Штипјани повторно ги потврдија своите високи амбиции, забележувајќи рутинска победа пред својата публика.
На градскиот стадион во Штип, новиот второлигаш Преспа беше совладан со 2-0. Првиот гол дојде рано во натпреварот, кога Калпачки одлично ја искористи ситуацијата во противничкиот казнен простор за 1-0. Конечниот резултат го постави Масевски со гол во самиот финиш за 2-0. Со оваа победа, Брегалница го задржува лидерското место на табелата со 16 бода, додека Преспа е претпоследна со три бода.
Најубедлив настап во шестото коло имаше Охрид, кој му нанесе убедлив пораз на Вардар Неготино со 5-1, откако на полувреме веќе водеше со 3-0.
Значајна победа запиша и Шкендија Арачиново, која го совлада Слога Виница со 2-1. Домашниот тим прв поведе, гостите израмнија пред крајот на полувремето, а конечниот погодок за триумф на Шкендија беше постигнат во 80. минута.
Два натпревари завршија без победник: Новaци и Каменица Саса одиграа 0-0, додека Кожув и Скопје завршија 1-1.
Минимални победи, пак, забележаа Победа и Детонит. Прилепчани триумфираа против аутсајдерот Големо Коњари, додека Детонит славеше на гостувањето во Кочани со 0-1 против Осогово.
Шестото коло ќе биде заокружено утре со натпреварот меѓу Беласица и Тетекс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal