Connect with us

Селекторот Капинковски го објави списокот на Македонија У18 за контролните дуели со Словачка

Репрезентацијата до 18 години предводена од селекторот Димитар Капинковски од 30 овој месец до 2. октомври ќе гостува во Словачка каде ќе одигра два контролни натпревари.

Иако ова не е термин во календарот на УЕФА, предводникот на националниот тим се реши за овие два тест меча кои имаат за цел дополнително да се воиграме и уште еднаш да се провери формата на играчите кои што се повикани.

Капинковски не може да смета на играчи, пред се на оние кои настапуваат надвор од Македонија и поради тоа тимот кој што селекторот ќе го води во Словачка претежно е составен од играчи кои настапуваат во домашните клубови.

Селекторот за претстојните два натпревари повика 19 фудбалери, а на списокот се наоѓаат:

Мартин Ѓоргиев, Габриел Талески, Иван Танчев, Александар Трајков, Матеј Сејменов, Андреј Димовски, Бојан Велков (Брера), Иво Марковски, Стефан Стаматовски (Вардар), Дарко Јовчев (Македонија ЃП), Фљори Иљази (Шкендија), Стефан Секирски (Беласица), Албан Рочи (Струга ТЛ), Флорен Османи (Арсими), Мухамед Мустафи (Сент Гален, Швајцарија), Славчо Мисајловски  (Тетекс), Дамјан Буцевски (ИМТ, Србија), Ридван Мемедовски (Скопје), Христијан Марковски (Работнички).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови