Connect with us

Хулијан Алварез со хет-трик обезбеди спектакуларен пресврт за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид во драматичен меч како домаќин го совлада Рајо Вајекано со 3-2 во 6. коло од Ла Лига, а апсолутен херој беше Хулијан Алварез со хет-трик, кој победничкиот гол го постигна во 88. минута.

„Колчонерос“ одлично го отворија натпреварот – во 15. минута Алварез со фантастичен волеј по центаршутот на Љоренте го отвори резултатот за 1-0. Гостите од Мадрид, сепак, не се предадоа и во судиското продолжение на првиот дел преку Чаварија постигнаа вистински еврогол од над 30 метри за израмнување (1-1).

Второто полувреме донесе уште повеќе возбудувања. На самиот почеток Љоренте беше соборен во шеснаесетникот, што предизвика тензии по судирот меѓу голманот Баталја и Коке.

Рајо дојде до голем пресврт во 78. минута преку Гарсија, кој искористи додавање од Паласон за 1-2. Но радоста на гостите траеше кратко – веднаш потоа, по одбраната на Баталја, Алварез од втор обид ја затресе мрежата за 2-2.

Атлетико потоа притисна, ја погоди и пречката, за конечно во 88. минута Аргентинецот да го комплетира спектакуларниот хет-трик. Од околу 25 метри испрати силен удар кој заврши до самата статива за 3-2 и експлозија на „Метрополитано“.

Атлетико така дојде до својата втора победа оваа сезона и сега со девет бода е деветти на табелата, додека Рајо останува на 14. позиција со пет бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови