На состанок во Њујорк, одржан во кулите на Трамп, ФИФА разгледувала можност Светското првенство во 2030 година првпат да собере дури 64 селекции.
Предлогот пристигна од јужноамериканските лидери и фудбалски функционери, предводени од претседателот на КОНМЕБОЛ и потпретседател на ФИФА, Алехандро Домингес. Тој ја претстави идејата заедно со претседателите на Парагвај и Уругвај, додека аргентинскиот лидер Хавиер Милеј во тој момент имаше средба со Доналд Трамп.
Според предлогот, турнирот би имал 16 групи со по четири тима, а по две најдобри селекции би оделе во елиминации. Домингес нагласи дека ова би било еднократно решение – како симболично одбележување на 100 години од првиот Мундијал во Уругвај (1930).
„Ова е јубилеј кој не се повторува. Фудбалот заслужува прослава каква светот нема видено“, изјави Домингес.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не ја исклучи можноста: „Секоја идеја е добредојдена, особено кога станува збор за стогодишнината“.
Сепак, имаше и критики. Шефот на УЕФА, Александер Чеферин, оцени дека вакво проширување би го намалило квалитетот на натпреварувањето, додека претседателот на КОНКАКАФ, Виктор Монтагљани, предупреди дека „форматот со 48 репрезентации уште не заживеал, а веќе се зборува за ново ширење“.
Да потсетиме, Светското првенство низ историјата неколку пати се зголемуваше – од 16 на 24 учесници во 1982, потоа на 32 во 1998, а од 2026 ќе има 48 селекции во САД, Канада и Мексико.
Дали бројката ќе порасне на 64 – ќе одлучи Советот на ФИФА, а расправата штотуку започнува.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













