Connect with us

ФФМ предупредува: Донираната опрема за младински категории е бесплатна, не смее да се наплаќа!

Фудбалската федерација на Македонија ги информира родителите чии деца тренираат во младинските клупски категории дека фудбалската опрема која ФФМ им ја донираше на клубовите е бесплатна.

🛑 ОПРЕМАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ НАПЛАЌА!

Добивме информации дека одредени клубови им бараат пари на родителите за опремата, што е строго спротивно на условите под кои ФФМ ја додели донацијата.

👉 Ве охрабруваме, доколку вашиот клуб побара надомест за опремата, веднаш да пријавите во ФФМ.

Нашата цел е младите фудбалери да имаат фер услови за развој и поддршка без дополнителен финансиски товар за родителите.

На линкот https://shorturl.at/VhpiK се наведени сите клубови кои ја добија оваа донација.

ФФМ ќе продолжи да ја следи ситуацијата и ќе реагира соодветно за да ја заштити секоја млада генерација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови