Голманот Ведран Ќосевски и официјално ја заврши својата приказна со Струга Трим Лум. Искусниот чувар на мрежата, кој беше дел од двете шампионски титули на клубот, се раздели со актуелниот првак по взаемна согласност, иако неговиот договор важеше до 2027 година.
Минатата сезона Ќосевски се врати во струшкиот состав по едногодишна пауза, но во тековната кампања првата голманска позиција ја презеде Марко Анџелети, што го натера искусниот чувар на мрежата да побара нова средина.
Неговата следна станица е Вардар, каде ќе ја засили конкуренцијата на голманската линија, заедно со Давор Талески и Методија Велковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













