Connect with us

Јувентус го купи Косовецот Едон Жегрова

Косовскиот репрезентативец Едон Жегрова и официјално се пресели во Јувентус, доаѓајќи од францускиот Лил. Торинскиот клуб потврди дека 26-годишниот крилен напаѓач потпишал долгорочен договор, со важност до летото 2030 година.

За неговиот потпис „бјанконерите“ издвојуваат 14,3 милиони евра, а износот може да се зголеми за уште три милиони преку бонуси. Дополнително, клубот покрива и 1,2 милиони евра трошоци поврзани со трансферот.


Жегрова ќе го носи дресот со број „11“.

„Ова е остварување на сонот и момент од огромно значење за мене и моето семејство. Пресреќен сум и горд што ќе го носам дресот на Јувентус и ќе дадам сè од себе за да помогнам тимот да стигне до нови успеси“, изјави Жегрова по официјалното претставување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови