Connect with us

Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Тотенхем и Пари Сен Жермен постигнаа договор Коло Муани да се пресели во Лондон на позајмица, без опција за откуп следното лето. Французинот веќе ги договори личните услови и замина кон Лондон за да ги помине медицинските прегледи.

Минатата сезона, Коло Муани настапуваше за Јувентус како позајмен играч, а претходно се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед, Челси, Њукасл и Астон Вила.

Интересно е што Коло Муани може многу брзо да се врати на „Паркот на принцовите“, бидејќи на 26 ноември Тотенхем гостува кај ПСЖ во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови