Connect with us

Вардар се засили со двајца репрезентативци на Уганда кои играле во Етиопија

Вардар се засили со двајца африкански фудбалери, Фахад Азиз Бајо и Муса Раматан, кои ќе бидат дел од тимот во борбата за врвот во тековната сезона. Двајцата веќе пристигнаа во Скопје и се приклучија на тренизите на тимот.

Бајо, 27-годишен напаѓач од Уганда, има искуство во чешкиот Вишков, како и во израелските Ашдод и Бнеи Сакнин. Неговиот сонародник Раматан, 23-годишен дефанзивец, настапувал исто така за Вишков, потоа за Синсинати 2 во САД, а негов последен клуб беше Волвало Адиграт Универзитет од Етиопија.

И двајцата се репрезентативци на Уганда и му се приклучуваат на нивниот колега од националниот тим, Роџерс Мато.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови