
Едерсон се сели во Фенербахче од Манчестер Сити, откако двата клуба постигнаа договор за трансферот на 32-годишниот голман. Се очекува зделката да биде официјално објавена во следните часови.
Истанбулскиот клуб ќе плати околу 14 милиони евра за бразилскиот чувар на мрежата, кој има уште една година од договорот со „граѓаните“.
Едерсон е дел од Манчестер Сити од 2017 година, кога пристигна од Бенфика за 40 милиони евра. Досега има одиграно вкупно 372 натпревари за англискиот тим, со кој освои шест титули во Премиер – лигата и една во Лигата на шампионите.
Ова заминување на Едерсон му отвора простор на Манчестер Сити да го доведе Џанлуиџи Донарума. Италијанскиот голман веќе ги договори личните услови со англискиот премиерлигаш и останува во текот на денот да се комплетира овој трансфер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јури Тилеманс е новиот капитен на Белгијците

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
