Connect with us

Нов голем скандал на Луис Суарез: Го плукна противникот откако Интер Мајами остана без трофеј (ВИДЕО)

Луис Суарез повторно го покажа своето проблематично однесување по тежок пораз на неговиот тим, откако уругвајскиот напаѓач стана главен актер во голем скандал.

Интер Мајами беше убедливо совладан со 3-0 во финалето на Лига купот против Сиетл, но натпреварот повеќе ќе се памети по жестоката расправија по неговото завршување. Инцидентот заврши со тоа што Суарез плукна кон еден од членовите на стручниот штаб на Сиетл.

Асистентот Џин Рамирез избегна да влезе во конфликт со уругвајскиот голгетер, но тоа уште повеќе го испровоцира поранешниот играч на Барселона и Ливерпул, кој на крајот директно го плукна во лицето.

Станува збор за скандалозен потег, кој речиси сигурно ќе донесе сериозна суспензија за Суарез – уште една во низата дисциплински проблеми што ја следат неговата кариера исполнета со контроверзии.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови