
Жозе Мурињо повторно ќе инкасира милионска отштета по новиот отказ, овојпат од Фенербахче. Турскиот клуб му врачи отказ на португалскиот стратег по само шест натпревари сезонава, а пресуден беше поразот од Бенфика кој ги елиминираше „жолтите“ од квалификациите за Лигата на шампионите.
Мурињо имаше уште една година од договорот, па ќе наплати 8,9 милиони евра како обесштетување. Со оваа исплата, неговата вкупна заработка само од откази достигна речиси неверојатни 102,78 милиони евра.
Португалецот одамна важи за „крал на отштетите“ во светот на фудбалот. За споредба, Антонио Конте во целата кариера инкасирал околу 43 милиони евра, од кои најголемиот дел – 30 милиони – од Челси во 2018 година. Лондонскиот клуб бил великодушен и кон други тренери: Сколари добил 15,7 милиони евра во 2009 година, а Томас Тухел 15 милиони фунти во 2022 година.
Исплати на Мурињо по откази:
- Челзи (прв) – 20,88 милиони €
- Реал Мадрид – 19,72 милиони €
- Челзи (втор) – 9,63 милиони €
- Манчестер Јунајтед – 22,74 милиони €
- Тотенхем – 17,40 милиони €
- Рома – 3,48 милиони €
- Фенербахче – 8,93 милиони €

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд
