Продолжува четвртото коло од Прва МФЛ, во кое денеска тимот на Тиквеш ќе има задача да стигне до првата победа. Противник е Брера, екипа што пристигнува во Кавадарци со свои амбиции и пресметки.
Во Кавадарци ситуацијата не е сјајна. Јавноста бара победа и бодови, па екипата е реално под императив на успех.
„Имаме лош старт на сезоната, тоа не е спорно. Сепак, знам дека овој тим на Тиквеш заслужува и може многу повеќе од ова. Сигурен сум дека ќе го докажеме уште денеска.
Брера е млад, но квалитетен тим. Бев во Струмица долг период и добро ги познавам повеќето од играчите. Секогаш е тешко да се игра против екипа што се брани. Сепак, ќе дадеме сè од себе за да ги освоиме трите бода, за нас, за клубот, за градот и за навивачите. Тоа Кавадарци и „Лозари“ го заслужуваат. Шампионатот е долг и Тиквеш уште има многу што да каже на теренот”, вели Даниел Миловановиќ за официјалниот сајт на ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













