
Трансферот на напаѓачот Николас Џексон од Челси во Баерн Минхен под наем, вреден 15 милиони евра со клаузула за траен трансфер од 65 милиони, најверојатно нема да се реализира.
Причина за пресвртот е повредата на Лијам Делап, кој се здоби со сериозен проблем на дуелот против Фулам и ќе отсуствува најмалку шест до осум недели. Поради тоа, Челси реши да го стопира трансферот на Џексон, а одлуката ја поддржа и менаџерот Енцо Мареска, со оглед на тоа што „сините“ остануваат со лимитирани решенија во нападот, особено по заминувањето на Кристофер Нкунку во Милан.
Иако Џексон веќе отпатува во Минхен и беше подготвен да ги мине медицинските прегледи, клубот не дозволи да се реализираат и побара од напаѓачот да се врати во Лондон.
Баерн, пак, веќе разгледува алтернативи, а како најсериозна опција се споменува Лоис Опенда од Лајпциг. Сепак, агентот на Џексон и раководството на баварскиот гигант сè уште се надеваат на пресврт и не се исклучува драматичен развој до крајот на преодниот рок.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
