Бетис излезе со официјално соопштение во кое потврди дека се повлекува од трансферот на Ентони. Шпанскиот клуб истакна дека финансиските барања поврзани со договорот со Манчестер Јунајтед се преголеми за да можат да бидат покриени.
„Црвените ѓаволи“ веќе му дозволија на 25-годишниот Бразилец да патува во Севилја за да го финализира преминувањето на „Бенито Виљамарин“. Според првичниот договор, Бетис требаше да плати 21,6 милиони фунти, плус 50% од идниот трансфер на играчот.
Сепак, преговорите за платата и бонусите донесоа неочекуван пресврт. Тимот на Ентони инсистирал на дополнителни исплати кои Јунајтед мора да ги регулираат пред потпишувањето, а Бетис категорично ставил до знаење дека не е подготвен да ги покрие сите тие трошоци.
Во официјалното соопштение на клубот се вели:
„Не постигнавме договор и се повлекуваме од понудата. Бетис не може да ја покрие трансферната такса и средствата што Манчестер Јунајтед треба да му ги исплатат на играчот пред трансферот.“
Јунајтед смета дека повлекувањето на Бетис е повеќе тактика за притисок кон Ентони да прифати компромис во личните услови. Англискиот клуб верува дека Бетис и натаму е заинтересиран, но чека играчот да се согласи на компензација која би ја намалила вкупната цена на трансферот.
Ентони се пресели на „Олд Трафорд“ од Ајакс во 2023 година за 85 милиони фунти, но неговиот престој во Јунајтед е разочарувачки: 96 натпревари со само 12 голови и девет асистенции. Сосема поинаква слика остави за време на позајмицата во Бетис минатата пролет, кога за 15 настапи постигна пет погодоци и запиша две асистенции, при што дури беше и номиниран за играч на месецот во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Брендан Роџерс го напушти Селтик













