Баерн Минхен го обезбеди ангажманот на напаѓачот на Челси, Николас Џексон. Сенегалскиот репрезентативец ќе пристигне на „Алијанц Арена“ како позајмен играч до крајот на сезоната, а германскиот шампион за договорот ќе плати 15 милиони евра и целосно ќе ја покрива неговата плата.
Се очекува 24-годишниот офанзивец денеска да ги заврши медицинските прегледи во Минхен и потоа официјално да стави потпис за Баерн.
Според информациите, „баварците“ ќе имаат и опција да го откупат следното лето за 80 милиони евра, но таа клаузула нема задолжителен карактер.
Џексон во Челси пристигна од Вилјареал пред две години, а во тој период одигра 80 натпревари и постигна 30 голови за „сините“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Брендан Роџерс го напушти Селтик













