Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, останува оптимист пред претстојните натпревари, и покрај поразот од Тотенхем со 0-2 на „Етихад“ минатата недела и критиките кон играта на „граѓаните“. В недела тимот гостува кај Брајтон во третото коло од Премиер – лигата.
„Сезоната само што започна. При ждребот за Лигата на шампионите се потсетивме минатите успеси и повторно ќе бидеме меѓу најдобрите во Европа. По првите два натпревари чувствувам дека ќе имаме силна сезона. Разбирам дека некои се сомневаат поради последниот пораз, но јас верувам во тимот“, изјави Гцардиола, додавајќи дека Брајтон е сериозен противник.
„Тие покажаа класа и со Роберто Де Зерби, и пред тоа со Грем Потер. Тоа е тим со јасна идентичност и стил.“
Гцардиола одби да ги коментира идните трансфери и потенцијалните промени во составот, истакнувајќи дека одлуката за стартниот голман ќе биде донесена по затворањето на трансфер прозорецот и меѓународната пауза.
„Сè е можно во овој период. Откако ќе заврши паузата и ќе започнеме со сериозните натпревари – со Манчестер Јунајтед, во Лигата на шампионите, против Арсенал – тогаш ќе имаме појасна слика. Одлуките ќе зависат од формата и низа фактори.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Брендан Роџерс го напушти Селтик













