
Милан е на чекор од договор за ангажман на Кристофер Нкунку од Челси за сума од околу 36 милиони фунти. Францускиот напаѓач, кој не е дел од плановите на клубот од „Стемфорд Бриџ“, веќе пристигна во Италија каде што ќе ги изврши задолжителните медицински прегледи.
Овој трансфер означува крај на две тешки и разочарувачки сезони за Нкунку во Лондон. По неговото пристигнување од Лајпциг во 2023 година за 52 милиони фунти, сериозната повреда му ја уништи првата сезона, додека минатата не успеа да се наметне во тимот на Енцо Мареска.
27-годишниот Французин не беше вклучен во составот на Челси за првите два натпревари во Премиер – лигата оваа сезона, што беше јасен сигнал од Мареска дека не смета на него.
Нкунку имаше опција и за трансфер во Баерн Минхен, каде веќе беа договорени личните услови, но баварците инсистираа само на позајмица – нешто што играчот и Челси не го прифатија.
🚨 Nkunku has arrived in Italy 🇮🇹
— Italian Football TV (@IFTVofficial) August 28, 2025
He’ll take his AC Milan medical tomorrow before signing 🔴⚫️
🎥 @LucaManinetti
pic.twitter.com/tmYwewAvzN

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
