Ѕвездата на Лајпциг, Чави Симонс, моментално се наоѓа во Лондон и е сѐ поблиску до трансфер, пренесува „Билд“. Сепак, спротивно на очекувањата, најверојатно нема да потпише за Челси, туку за нивниот градски ривал Тотенхем.
Според истиот извор, 22-годишниот офанзивен играч за врска не присуствувал на утринскиот тренинг на Лајпциг, кој се подготвува за саботниот натпревар против Хајденхајм. Тој и неговите агенти веќе се во англиската престолнина за да преговараат со Тотенхем.
Долго време изгледаше дека Челси е најреалната дестинација за Чави Симонс, кој има договор со германскиот клуб до 2027 година, а дури и ги имаше усогласено личните услови со „сините“. Но, застојот со излезните трансфери на Кристофер Нкунку и Николас Џексон го одложи договорот, што сега му оди во прилог на Тотенхем.
Дополнително, веста дека Челси размислува за понуда за Фермин Лопез од Барселона, исто така, не остави најдобар впечаток кај Холанѓанецот.
Тотенхем активно бара засилување во офанзивата поради тешката повреда на Џејмс Медисон. Еберечи Езе ја избра понудата од Арсенал, а Манчестер Сити не сака да се раздели со Савињо. Иако Тотенхем сè уште нема доставено официјална понуда, во првичните разговори со Лајпциг веќе биле споменати конкретни суми.
Лајпциг очекува да инкасира околу 70 милиони евра, вклучувајќи бонуси. Се предвидува дека двете страни наскоро ќе постигнат договор. Ова би била втората голема продажба на Лајпциг летово, по трансферот на Бењамин Шешко во Манчестер јунајтед за 80 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Брендан Роџерс го напушти Селтик













