Милан очигледно е на чекор до ангажман на нов напаѓач, а според последните информации тоа ќе биде Кристофер Нкунку од Челси. Двата клуба веќе постигнале договор за трансферот.
Трансферот на Виктор Бонифејс од Баер Леверкузен во редовите на „росонерите“ пропадна поради незадоволителните медицински прегледи на Нигериецот, додека преговорите за данскиот напаѓач на Спортинг Лисабон, Конрад Хардер, се во застој.
Милан ќе плати околу 35 милиони евра фиксна сума за 27-годишниот Французин, а со можните бонуси трансферот може да достигне и до 42 милиони евра. Личните услови на играчот не претставуваат проблем, па веќе е договорен петгодишен договор.
Нкунку претходно ги имаше договорено личните услови и со Баерн Минхен, но баварците не сакаа да платат за постојан трансфер, што ја стопираше зделката.
Францускиот напаѓач се приклучи на Челси во 2023 година од Лајпциг, но често беше повреден, особено во првата сезона во Англија, поради што не успеа целосно да го покаже својот потенцијал. Сепак, минатата сезона постигна 15 голови и запиша пет асистенции на 48 натпревари за „сините“, имајќи значаен придонес во освојувањето на Лигата на конференции, а настапи и на Светското клупско првенство. Во Премиер – лигата, пак, најчесто беше резерва и одигра само 910 минути.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Брендан Роџерс го напушти Селтик













