Челси е сериозно заинтересиран за младиот играч за врска на Барселона, Фермин Лопез, тврди „Мундо Депортиво“. Каталонците, сепак, немаат намера лесно да се разделат со својот продукт од академијата и бараат најмалку 70 милиони евра за негов трансфер.
Тренерот Ханси Флик инсистира Лопез да остане на „Камп Ноу“, но клубот се соочува со сериозни финансиски проблеми и ограничувања поради правилата на финансискиот фер-плеј во Ла Лига. Затоа раководството на Барселона е подготвено да размисли за продажба, иако не по секоја цена.
Според информациите, Барса му дала рок од 48 часа на 21-годишниот талент да одлучи дали ќе остане дел од проектот на Флик или ќе ја прифати шансата да замине во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













