Реал Мадрид сериозно е заинтересиран за францускиот дефанзивец на Баерн Минхен, Дајот Упамекано. Планот на „кралскиот клуб“ е идентичен со оној што го реализираа со Давид Алаба – да го донесат играчот како слободен агент следното лето.
Договорот на 26-годишниот Упамекано со Баерн истекува за една година, а преговорите за продолжување засега се стопирани. Реал сака да ја искористи оваа ситуација и веќе подготвува привлечна понуда со која би го убедил Французинот да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ во тимот на Чаби Алонсо.
Упамекано е подготвен да остане во Минхен, но бара подобрени услови – на ниво на оние што неодамна ги добија Алфонсо Дејвис и Џамал Мусијала при продолжувањето на своите договори. Минатата сезона тој покажа значителен напредок и стана клучен играч во одбраната на баварците.
Интересно е што во почетокот на годината Реал се обидуваше без надомест да го ангажира и Алфонсо Дејвис, но Канаѓанецот сепак избра да остане на „Алијанц Арена“.
Упамекано пристигна во Баерн пред четири години од Лајпциг, а ова лето може да биде клучно за неговата иднина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Брендан Роџерс го напушти Селтик













