Масимилијано Алегри гледа кон добро познато лице за да го засили средниот ред на Милан, тоа е францускиот репрезентативец Адриен Рабио. Поранешниот негов играч од Јувентус е профилот што тренерот го бара: фудбалер кој знае да ја поведе топката, да продира и да се приклучува во нападот, менувајќи го ритамот на играта. Токму затоа Алегри е подготвен да испрати конкретна понуда.
Интерес за Рабио веќе покажа и Наполи, а сега и Милан влегува во трката, решен да се обиде да го доведе пред затворањето на преодниот рок.
Французинот, кој моментно е дел од Олимпик Марсеј, не се вклопува во плановите на Роберто Де Зерби по инцидентот и судирот со соиграчот Џонатан Роу. Марсеј веќе го продаде Роу на Болоња, а можно е Рабио следен да се врати во Серија А.
Во минатата сезона во Лига 1, 30-годишниот Рабио запиша 29 настапи, девет голови и четири асистенции, со вкупно 2775 минути на теренот.
Доколку дојде на „Сан Сиро“, можно е Милан да се раздели со Јунус Муса за да се отвори простор во ростерот. Сепак, „росонерите“ остануваат решени да го следат Рабио, без оглед на тоа дали Муса ќе биде продаден или не.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













