Пари Сен Жермен е согласен да го продаде голманот Џанлуиџи Донарума за 30 милиони евра. За 26-годишниот италијански репрезентативец интерес покажува Манчестер Сити.
Донарума е подготвен да ја продолжи кариерата во Премиер – лигата, а веќе постигнал принципиелен договор со новиот клуб.
Во меѓувреме, Манчестер Сити ги продолжува преговорите со Галатасарај. „Граѓаните“ се надеваат дека ќе најдат решение за трансферот на Едерсон, што претставува клучен услов за финализирање на зделката за Донарума.
Италијанецот веќе се прости со навивачите на „Паркот на принцовите“, иако не настапи на натпреварот против Анже во второто коло од Лига 1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













