Connect with us

Арне Слот: Не сум сигурен дека тоа против Њукасл беше фудбал, но тимот реагираше одлично

Менaџерот на Ливерпул, Арне Слот, ги коментираше возбудливите моменти од драматичната победа на неговиот тим со 2-3 против Њукасл во второто коло од Премиер – лигата. Херој на вечерта беше 16-годишниот Рио Нгумоа, кој во судиското продолжение го замени Коди Гакпо, а само неколку минути подоцна го постигна својот прв гол во професионалниот фудбал – погодок што ја донесе победата на „црвените“.

„Не сум сигурен дека гледавме вистински фудбалски натпревар. Сè се сведуваше на прекини и долги топки. Тактиката за која зборував пред мечот немаше големо значење“, изјави Слот.

Тој додаде дека е горд на тоа како се однесувал неговиот тим.


„Првите половина час, па дури и целото прво полувреме беа навистина тешки, но момците не се скршија. Издржавме.“

Иако Њукасл остана со играч помалку, тоа не донесе голема предност на Ливерпул, објасни холандскиот стратег:

„Кога противникот има голман кој го изведува секој прекин, бројната предност речиси и да не помага. Затоа ни беше толку тешко да ја сочуваме предноста при 0-2.“

Слот посебно го истакна младиот Нгумоа, кој го реши натпреварот со својот гол.


„Фантастичен гол за едно 16-годишно момче. За својата возраст, Рио заврши одлична работа. Во соблекувалната некој се пошегува дека можел прво да ја прими топката, но тој е толку самоуверен. Начинот на кој ги завршува акциите за неговите години е извонреден.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови