
„Нероаѕурите“ уште на самиот старт од новата сезона во Серија А испратија јасна порака дека повторно ќе бидат меѓу главните кандидати за скудетото. Интер вечерва на „Џузепе Меаца“ без многу мака го совлада Торино со убедливи 5-0 и веднаш зазеде место на врвот од табелата.
Тимот на Кристијан Киву го отвори резултатот во 18. минута – Барела мајсторски изведе корнер, а Бастони со прецизен удар со глава ја затресе мрежата. Вториот погодок стигна по нова грешка на одбраната на Торино, кога Сучиќ одлично го пронајде Маркус Турам, кој со силен удар од десната страна погоди за 2-0.
Со тој резултат се замина на одмор, но Интер уште на стартот од второто полувреме го реши прашањето на победникот. Лаутаро Мартинез ја искористи конфузијата во одбраната на гостите и зголеми на 3-0. Во 62. минута ТУрам повторно беше стрелец, овојпат на асистенција на Бастони, за високи 4-0.
„Петардата“ на „Меаца“ ја запали Бони во 72. минута, само неколку минути по неговото влегување во игра, откако ја искористи лошата интервенција на голманот на Торино. Асистент беше Лаутаро, кој претходно сам погоди за 3-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Елиф Елмас е на чекор до враќање во Наполи

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ
