Connect with us

Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја запиша втората победа во новата сезона од Примера, славејќи со 0-3 на гостувањето кај Овиедо. Херој на „кралевите“ повторно беше Килијан Мбапе, кој постигна два гола, а својот прв погодок сезонава го запиша и Винисиус Жуниор.

Мбапе ја отвори серијата во 37. минута, по додавање на Арда Ѓулер, иако домашните фудбалери жестоко протестираа поради сомнителен прекршок на Чуамени во акцијата пред голот. Арбитрите и ВАР не реагираа, па погодокот остана валиден.

Во второто полувреме Овиедо бараше пенал по дуелот меѓу Рудигер и Рондон, но судијата остана нем. Реал ја казни пропуштената шанса – влезениот Винисиус му асистираше на Мбапе за 0-2, а потоа самиот се запиша во листата на стрелци во судиското продолжение за конечни 0-3.

Чаби Алонсо направи неколку изненадувања во стартниот состав. Винисиус и летното засилување Трент-Александер Арнолд останаа на клупа, а покрај Мбапе и Родриго шанса доби 18-годишниот Мастантуоно. Тренерот на Реал уште еднаш порача дека во неговиот тим никому не му е загарантирано место.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови