Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, не го криеше задоволството од победата со 5-0 над Лидс во првиот домашен натпревар на лондончани оваа сезона. Тој смета дека изданието на неговиот тим било одлично и претставува добар почеток.
„Има од што да бидеме задоволни. Ова беше позитивен старт на сезоната дома. Веднаш ја почувствувавме енергијата. Успеавме да го кренеме нивото, а тоа и го посакувавме. Тимот се претстави извонредно, играше многу самоуверено, создаде многу шанси и не дозволи противникот да создаде свои. Пет гола и недопрена мрежа – тоа е одличен почеток“, изјави Артета.
„Знаеме да постигнуваме голови на различни начини. Многу сум радосен за Виктор Ѓокереш за неговите први два гола, како и за Јуриен Тимбер за неговите погодоци по таа долга повреда. Го видовме и одличниот дебитански настап на Москера и на Макс, кој има само 15 години, а тоа е нешто навистина посебно за него“, дополни Шпанецот.
Потоа тој се осврна и на настапот на младиот Макс Доуман.
„Ќе ја анализирам целата информација, но важно е како тој реагираше и како се снајде во ситуацијата. Се виде што мислат неговите соиграчи за него, бидејќи постојано му ја доделуваа топката. Прекрасно е да се види таа енергија на стадионот по неговото влегување во игра. Тој изнуди пенал и остави белег на натпреварот уште во своето деби на ’Емирати’, а тоа е фантастично,“ додаде Артета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













