
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го пофали својот тим за борбеноста и непокорноста што ја покажаа на натпреварот против Леванте (2-3). Каталонците губеа со 0-2 на полувремето, но успеаја целосно да направат пресврт, и тоа со помош на автогол во судиското продолжение.
„Леванте се бранеше многу добро и имаат многу брзи играчи. Треба да се справуваме подобро и да не правиме толку многу грешки. Тие одиграа добро во првото полувреме. Во второто направивме промени и ја подобривме нашата игра. Се боревме до крај за да ги освоиме трите поени“, започна Флик.
Потоа тој го прокоментира досудената пенал за противникот.
„Кога ќе се случи нешто такво, нормално е да си лут. Судијата процени дека е пенал и ние тоа мора да го прифатиме. Најважно е што се враќаме во Барселона со три бода.“
„Горд сум на моите играчи. Верувавме во себе до самиот крај. Оваа победа многу ни помага за наредните натпревари. Против толку ниско поставени и згуснати одбрани, победата ни дава сила. Не бевме совршени, но мислам дека треба да се оцени и она што го направи Леванте – тие имаат брзи играчи. На крајот сè се сведува на одбрана и напад. Дадовме три гола, но мора да анализираме што се случи. Треба да се подобруваме, патот е долг“, додаде Германецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
