Connect with us

Барселона и кога губи со два гола на полувреме, на крајот победува (ВИДЕО)

Во Шпанија вечерва видовме вистинска драма во режија на новите тимови во Ла Лига. По ремито на Елче на гостувањето кај Атлетико Мадрид, Барселона со спектакуларен пресврт го совлада Леванте во Валенсија со 2-3.

Домашниот тим одигра совршено прво полувреме – најпрво Иван Ромеро реализираше прекрасна акција во 15. минута, а потоа капитенот Моралес беше прецизен од белата точка во финишот на првиот дел, па Леванте шокантно водеше со 2-0 иако Барса имаше неверојатни 85% посед на топката.

Но, како што често знае да направи, шампионот се врати од безизлезна ситуација. Во 49. минута Педри со вистински еврол гол од 25 метри ја врати надежта, а само три минути подоцна Феран Торес со удар донесе 2-2.

Каталонците продолжија да притискаат, создадоа низа шанси преку Торес, Рафиња и резервистите Левандовски, Олмо и Кунде, но победничкиот гол стигна дури во 91. минута. Ламин Јамал центрираше од десната страна, а штоперот Егелзабал несреќно ја испрати топката во сопствената мрежа за 2-3 и експлозија на радост кај фановите на Барса.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови