Connect with us

Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?

Тотенхем, според британските и шпанските медиуми, е блиску до договор со Реал Мадрид за позајмица на Родриго. Гигантот од Мадрид го прифатил моделот на позајмица со можност за откуп, а останува да се договори кој дел од платата ќе биде покриен и да се добие согласност од играчот.


Клубовите се во постојан контакт околу позајмицата со опција за откуп, а интерес за Бразилецот претходно покажаа и Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити.

Помалата минутажа под водство на Чаби Алонсо отвори простор за трансфер надвор од клубот. Како што се ближи крајот на преодниот рок, се очекува забрзување на преговорите, со исход кој ќе зависи од условите на позајмицата и одлуката на самиот играч.

Тотенхем би можел во Родриго да најде алтернативно решение откако им пропадна трансферот на Еберечи Езе, кој ќе потпиша за Арсенал.


Родриго има пазарна вредност од 90 милиони евра. Тој е бразилски репрезентативец и има 24 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови