Баерн Минхен на монструозен начин ја почна новата сезона во Бундес-лигата. Германскиот шампион блескаше против Лајпциг и на крајот го испрати гостинскиот тим дома со шест гола во нивната мрежа – убедливи 6-0 (3-0).
Лајпциг добро се држеше речиси половина час, солидно се бранеа иако Баерн создаваше шанси. Но, потоа сè им се распадна.
Во 27. минута Баерн започна да го „меле“ противникот. Одлична акција низ средината заврши кај Олисе, кој од десната страна прецизно погоди за 1-0.
Само пет минути подоцна, нов удар за гостите. Луис Дијаз, креатор и реализатор, зголеми на 2-0.
До паузата сè беше решено – во 42. минута повторно Гнабри направи хаос во одбраната на Лајпциг, асистираше, а Олисе го постигна својот втор гол за 3-0.
Во 64. минута нова мајсторија. Луис Дијаз извонредно ја проследи топката до Кејн, кој со еден дриблинг го измами ривалот, потоа и голманот, за свој прв гол на мечот.
Интересна ситуација се случи во 66. минута. Лукеба требаше да изведе слободен удар од својата половина, но наместо тоа направи четири допири пред да ја упати топката. Брзо потоа Нуза постигна гол, но играчите на Баерн жестоко протестираа. По пет минути дискусија и жолт картон за Кимих, судијата го поништи погодокот – остана 4-0.
Сепак, Баерн не застана тука. Во 74. минута Хари Кејн со одличен прием на работ на шеснаесетникот рутински стрелаше за 5-0.
Четири минути подоцна, повторно Кејн. По украдена топка, Ким продре низ средината и асистираше, а англискиот напаѓач со својот трет гол го постави конечниот резултат, 6-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













