Connect with us

Манчестер Сити и Евертон се договорија за позајмицата на Џек Грилиш

Манчестер Сити и Евертон постигнаа договор за позајмување на крилниот играч Џек Грилиш во редовите на „карамелите“ за претстојната сезона. Играчот исто така го даде своето одобрение за овој трансфер и се очекува во наредните часови да ги помине медицинските прегледи.

За англискиот репрезентативец, ова претставува шанса за повеќе минути на теренот, особено имајќи го предвид претстојното Светско првенство 2026. Минатата сезона, Грилиш беше стартер само во седум натпревари во Премиер – лигата и дури не беше повикан за Светското клупско првенство.

Грилиш пристигна во Манчестер Сити од својот матичен клуб Астон Вила во 2021 година за сума од 100 милиони фунти. Оттогаш има одиграно 157 натпревари, постигна 17 голови и забележа 23 асистенции за „граѓаните“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови