
Oд трансферот на Душан Влаховиќ во Милан најверојатно нема да има ништо.
Според италијанските медиуми, Игли Таре отпатувал за Англија со цел да го донесе Расмус Хојлунд, кој Манчестер Јунајтед е подготвен да го пушти на позајмица. По доаѓањето на Бењамин Шешко, за поранешниот напаѓач на Аталанта нема место на „Олд Трафорд“, а според некои информации, Данецот се помирил со заминување.
Милан му нуди добра опција – гарантирани минути и можност да биде стартер пред Сантијаго Хименез. Дополнителен мотив за „росонерите“ е тоа што неговата плата, околу четири милиони евра, е значително помала од онаа на Влаховиќ. Дури и со преполовена плата во однос на Јувентус, Србинот би бил најплатен играч на „Сан Сиро“. Со додавање на трансфер-трошоците од околу 20 милиони евра, станува јасно зошто Милан се насочи кон други цели.
Доколку не успеат да го реализираат трансферот во Англија, следна цел нема да биде Влаховиќ, туку Виктор Бонифејс од Баер Леверкузен.
Во меѓувреме, Масимилијано Алегри реши едно прашање во одбраната – од Џенова за 20 милиони евра пристигнува Кони Де Винтер, белгиски репрезентативец кој потекнува од младинската школа на Јувентус, но никогаш не доби вистинска шанса во првиот тим. 23-годишниот дефанзивец, кој има настапувано и за вториот тим на Јувентус, Емполи и Џенова, сега го чека голем чекор напред во кариерата и ќе го заземе местото на Малик Тијао, кој се сели во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal