
Брера лани успеа да обезбеди опстанок во последен миг, а во новата сезона струмичкиот прволигаш ќе се обиде да биде што е можно повеќе безгрижен на тој план. Фокусот и понатаму е ставен на промоција на млади фудбалери, а тренерот Панче Стојанов има за цел сето тоа да го оформи во еден мотивиран тим со силен натпреварувачки дух.
Еден од лидерите на овој состав на Брера е младинскиот репрезентативец Мартин Ѓорѓиевски, кој најавува дека тимот од Струмица е подготвен за почетокот на сезоната.
На стартот, Брера гостува во Кратово, оди на мегдан кај Силекс, во последниот натпревар од првото коло во Првата фудбалска лига.
„Брера продолжува по истиот терк. Тимот е делумно променет, но филозифијата е идентична, млади фудбалери желни за докажување се јадрото на нашиот состав. На почетокот одиме во Кратово, навистина тешко гостување, но подготвени сме да прикажене сѐ што знаеме и се разбира дека очекуваме позитивен резултат. Ако не загубиме во Кратово, мислам дека тоа ќе биде добар исход за Брера од првото гостување во новата сезона. Работевме напорно во подготвителниот период и желни сме да почнеме со првенствените искушенија. Максимален респект за Силекс, тие се одличен тим, лани завршија на втората позиција, а ова лето учествуваа и во европските купови. Во секој случај, голем предизвик за нас, и ќе се обидеме да одговориме со успех“, изјави Мартин Ѓорѓиевски за сајтот на ФФМ, во пресрет на стартот на новата сезона за Брера.
Што се однесува до меѓусебните дуели, Силекс славеше на последните четири меча против Брера, а последниот успех на струмичкиот тим во Кратово датира од 18 февруари 2024 година, кога славеше со 0-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
