Connect with us

Иско со фрактура на фибулата, ќе паузира најмалку три месеци

Капитенот на Бетис, Иско Аларкон, синоќа заработи тешка повреда на последниот пријателски натпревар против Малага. Тој има фрактура на левата фибула и се очекува да отсуствува најмалку три месеци.

„По извршените медицински прегледи утврдено е дека станува збор за дислоцирана фрактура на средниот дел од левата фибула. Играчот ќе помине низ конзервативен третман во следните неколку недели, а неговото враќање ќе зависи од напредокот на рехабилитацијата“, соопшти клубот.

Повредата Иско ја доби по дуел со противнички фудбалер, по што тренерот Мануел Пелегрини беше принуден да го замени со Ло Селсо на полувремето. Со оглед на огромното влијание што Иско го има врз играта на Бетис, речиси е извесно дека „зелено-белите“ од Севилја ќе бараат соодветна замена, иако тоа нема да биде лесна задача.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови