
Пред Пеп Гвардиола и Манчестер Сити стои тежок предизвик – клубот мора да се ослободи од петмина фудбалери за да ги исполни правилата на УЕФА за настап во Лигата на шампионите.
По сезоната во која не освоија ниту еден трофеј, Сити беше исклучително активен на пазарот и донесе повеќе засилувања. Новиот спортски директор Хуго Вијана ги доведе Рајан Шерки, Рајан Аит-Нури, Тијани Рејндерс, Свере Нипан, голманите Џејмс Трафорд и Маркус Бетинели, а наскоро треба да пристигне и стопер од Лајпциг.
Од тимот си заминаа Кајл Вокер, Кевин де Бруин и Скот Карсон, додека младите Јан Куто и Максима Пероне се пратени на позајмици. Сепак, составот сè уште брои 30 фудбалери во првиот тим, па Сити мора брзо да реагира и да направи пет излезни трансфери до 1 септември, за да се усогласи со правилата на УЕФА кои дозволуваат најмногу 25 играчи на А-листата за Лигата на шампионите.
Во Премиер – лигата, поради поинаквите правила за домашни играчи и оние под 21 година, потребна е само една продажба.
Меѓу оние кои се достапни за понуди се Џек Грилиш, Џејмс Мекати, Калвин Филипс и голманот Стефан Ортега. Евертон се обидува да го обезбеди Грилиш на позајмица, Мекати се поврзува со Нотингем Форест и Ајнтрахт Франкфурт, Ортега би можел да се врати во Бундес-лигата, а Филипс најверојатно ќе се врати во Лидс Јунајтед.
Младиот Бразилец Витор Реис веќе замина на позајмица во Џирона, а истото би можело да им се случи и на Ечевери и Нипан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal