
Она што беше претходно најавено, денеска се оствари – Боби Милевски се врати на чело на репрезентацијата за играчи до 21 година. Во свој стил, Милевски со оптимизам гледа на претстојниот предизвик, уверен дека и со оваа нова млада генерација може да се бори за пласман на едно Европско Првенство.
„Не треба да се наметнува притисок врз фудбалерите дека мораат да се пласираат на ЕП, но секогаш мора да се има пред себе цел, а за нас тоа дефинитивно е учество на едно Европско Првенство. Ние не сме Шпанија, Бразил или Германија, но верувам дека го оставивме комплексот на пониска вредност зад нас. Тоа ми е поткрепено и кога ќе ја видам А-селекцијата во која шест играчи се првотимци од оваа селекција и уште тројца се меѓу резервите. Да ги оставиме последните неуспешни квалификации зад нас, моја цел е да градиме фудбалери кои ќе веруваат дека можат да играат на ЕП, а не да играат само за да не бидат поразени“ – истакна Милевски.
Селекторот потенцираше и проблем во мак-фудбалот, недоволната доверба што клубовите ја имаат во младите фудбалери.
„Една работа многу ме разочарува, странци што не се ништо подобри од нашите млади фудбалери добиваат повеќе шанса за докажување во македонските клубови. Тоа е доказ дека не ги цениме доволно своите млади играчи, затоа и реагирам и ќе испратам и конкретен предлог до ФФМ. Мое мислење е дека треба да се промени правилото за настап на фудбалер до 21 година, така што тој млад играч мора да игра минимум едно полувреме, а не како што сме сведоци сега – да се менува голман уште од првата минута“ – порача Боби Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
