
Во потенцијална трансфер-бомба, Барселона изразила интерес за ангажман на Родриго од вечниот ривал Реал Мадрид.
Според информациите на „UOL Esporte“, Каталонците веќе воспоставиле прв контакт со окружувањето на бразилскиот напаѓач, искористувајќи ја неговата желба да го напушти Мадрид.
Родриго отворено ја изразил својата намера да ја побара среќата на друго место. Неколку клубови од Премиер – лигата покажале интерес, но засега нема официјална понуда до Реал Мадрид.
Останува да се види дали Барселона ќе направи одлучувачки чекор и како ќе реагира Флорентино Перез на ваков развој на настаните.
Вреди да се напомене дека последниот фудбалер што директно премина од Реал Мадрид во Барселона беше Луис Енрике во 1996 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Брајан Мбеумо официјално меѓу „црвените ѓаволи“

Евро-фудбал
Марко Арнаутовиќ потпиша за Црвена Звезда

Евро-фудбал
Алваро Мората е ново напаѓачко оружје на Комо

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче
